Невработеноста се топи, но во Македонија нема веќе ниту работници. Според последните статистички податоци стапката на невработеност во првиот квартал е намалена на 12,9 отсто.
Невработеноста се топи, но во Македонија нема веќе ниту работници. Според последните статистички податоци стапката на невработеност во првиот квартал е намалена на 12,9 отсто. Економските експерти коментираат дека треба да се спречи одливот на работна сила и да се види колкав дел од тие што се невработени работат на црно. Бројот на невработени во Македонија за една година 2023 во однос на 2022 паднал за повеќе од 12,5 илјади. За истиот период и бројот на вработени паднал за повеќе од 3,7 илјади лица. За една година, повеќе од 16 илјади лица недостасуваат во двете евиденции заедно.
-За една година бројките и на невработените и на вработените во земјава бележат вкупно намалување за повеќе од 16 илјади лица. Работната сила се намалува и државата мора да преземе мерки за спречување на натамошниот – не одлив, туку егзодус, на пиша на својот „Фејсбук“ даночниот експерт и познавач на состојбите во македонската економија, Павле Гацов.
Според него, „парадоксот“ е во егзодусот на кадрите, одлив е веќе слаб збор.
Според објавените податоци како активно население се евидентирани 788.909 лица, од кои 687.351 се вработени, додека 101.558 се невработени. Споредено со лани, стапката на невработеност е нешто под 13 проценти.