Нова туристичка сезона, со старите проблеми за струшките угостители. Недостатокот на стручен кадар, поради заминувањето на работа во Хрватска, потребата од подобра локална инфраструктура, слабата промоција на градот во странство, се главните предизвици со кои Струга ќе се соочува. Локалните угостители се жалат дека подоглем дел од странските туристи се сместуиваат во Охрид, и оти најмногу очекувања секое лето имаат од печалбарите.
„Како и секоја туристичка сеозна нашите очекувања се големи. Најмногу гости имаме од Холандија, Полска и Турција, како и домашни гости. Проблемите се исти како и секоја сезона.Најголем проблем е оној со недостатокот на работници. Ниту една институција не се труди да ги подобри овие проблеми.Исто така и инфраструктурата.Знаеме дека почнаа да се носат работници од Непал и Бангладеш, но тие се друга култура и незнаат јазик“, рече Ерхан Папранику-сопственик на хотел.
Папранику стравува дека ваквиот негативен тренд ќе продолжи и во иднина, ако државата не преземе конкретни чекори за помош на оваа стопанска гранка.
„Ние направивме некое вирутелно етно село, кое е заклучено и нефункционира. Тие средства ние да ги дадевме, 80 милиони евра беа во прашање на десет села во Македонија,ние ќе имавме многу поразвиен туризам отколку сега“, нагласи Насто Богоески- угостител.
И Богоевски вели дека во овој момент до пероснал многу тешко се доаѓа. Не само готвачи и келнери туку и помошен персонал. Смета дека е потребна подршка од општините во регионот.
„И тоа е профил на кадри кои неможеме да ги замениме со Непалци, и други странски работници. Мора да знааат јазик, да имаат комуникација. Ние можеме сешто да направиме во објектот, но треба да сме подржани од локалната самоуправа. Улиците да се чисти, да се средени, да имаме вода, електрична енергија непречено. Тоа се работи кои мора да не следат нас“, додаде Насто Богоески- угостител.
Тој вели дека многу повеќе се препознаени од страна на странските амбасади и организации отколку од самата држава.Најбројни и летово покрај Охридското езеро ќе бидат гостите од Холандија, Полска, Турција,Англија, Србија, како и домашните гости.