Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 12, 13 и 14.06.2024 (среда, четврток и петок), поради одржување на министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа(ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.