Во пресрет на Регионалниот саем за вработување кој ќе се одржи од 15-22 октомври 2024 година, правиме кратка ретроспектива на минатогодишниот - Преку 50.000 апликации, повеќе од 150 работодавачи и над 690.000 посети
Неспоредливиот досег до кандидати споредено со било кој офлајн настан, можноста за барателите на работа и работодавачите да учествуваат од каде било во светот без потреба од патување, што го намалува времето и трошоците за двете страни, можноста за изложување во 5 земји од регионот, се само дел од предностите на Регионалниот онлајн саем за вработување кој минатата 2023 година оствари рекорден број на посети и апликации.
Дополнителните напредни функции како што се разговор со кандидатите во реално време и лесен пристап до дигитални резимеа, ја подобруваат ефикасноста на процесот на регрутирање. Дополнително, искуствата на нашите досегашни многубројни учесници кажуваат дека преку онлајн саемот за вработување доаѓаат до разновидна палета на кандидати, бидејќи географските бариери се елиминирани.
Октомври е традиционално месецот во кој се одржува Регионалниот саем за вработување, најголемиот онлајн саем за вработување во Македонија и регионот. Изминатата година повеќе од 150 работодавачи од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија се претставија со над илјада различни огласи за слободни работни места.
Саемот го организира водечкиот македонски портал за вработување во Македонија, Vrabotuvanje.com, кој е дел од групацијата Alma Career, во соработка со партнеритe од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија.
Кои беа топ 3 најпосетени штандови на саемот во 2023 година:
Во текот на 8-те саемски денови, саемот забележа повеќе од 690.000 посети, а беа поднесени над 50.000 апликации за објавените огласи за работа.
Што се однесува до содржината на саемот и виртуелните штандови на работодавачите, кои покрај огласи за вработување, содржеа и бројни други информации како искуства на вработените и фотографии и видеа од работната средина, истите забележаа 5.390.000 прегледи на страници.
Изложувачите во Македонија остварија над 120.000 посети и 6.000 апликации на огласите за вработување. Исто така, голем број посетители стапија во директен контакт со работодавачите преку опцијата за онлајн чет со цел да се запознаат со идната потенцијална работна средина.
Топ 3 најпосетени штандови од изложувачите од Македонија се LIDL, Алкалоид и Magna.
Во 2023 година на саемот учествуваа: Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Мехатроникс, Кромберг и Шуберт, Реплек, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Мајорел, Вабтек МЗТ, ПроКредит Банка, Флекс Кредит, Дојран Стил, Линамар, Адиент Аутомотиве, Дрекселмајер, Аптив, Вебхелп, Градежен Институт Македонија, Маркарт Македонија, Лакталис, Agile Pro Solutions, Teleperformance, Amfenol, Transcom и други. Работници од Македонија бараа и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Philip Morris Services d.o.o. Beograd и Ingosoftware од Србија, Maistra Hospitality Group, GCCL (MALTA) RMD FLEET MGMT LTD, Metro, Konzum, Valamar и FraGround Fraport Ground GmbH од Хрватска, a од годинава за првпат на саемот имавме и работодавачи од Словенија, а станува збор за Univerzitetni klinični center Ljubljana, како и над 100 други реномирани изложувачи од регионот.
Станете и вие дел од овие реноммирани работодавачи - Резервирајте го вашето место на овогодинешниот Регионален онлајн саем за вработување кој ќе се одржи од 15 - 22 октомври 2024 година!