Вистинска зимска идила веќе има речиси на сите зимски туристички места во земјава.
Врнежи од дожд има на пониските места, во Тетово повремено дожд со снег, во Крива Паланка снег, а снег има и на повисоко во Лазарополе, Пожаране, Маврово и Ѓуриште.
Снежната покривка во Попова Шапка е 6 сантиметри, а во Маврово – 2 сантиметри. Најмногу дожд синоќа наврна во Пожаране, Маврово, Тетово, Скопје и Куманово. Најладно беше во Берово – 4 и Струмица – 2.
За утре и задутре се најавува студено и суво време, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток кога ќе се задржи облачно и ќе започне да дува југоисточен ветер. Утринските температури ќе се спуштат до минус 10 во среда. Утринската во среда ќе остане под нулата насекаде во Македонија и ќе се движи од минус 10 до минус три степени. Утре минималната ќе биде од минус шест до два степена, во четврток од минус осум до минус еден, во петок од минус пет до два степена и во сабота од минус еден до пет.
Дневната температура утре ќе се движи од нула до седум, во среда од еден до осум, во четврток од нула до шест, во петок од три до осум степени и во сабота од пет до 10 степени.
извор: skopje24.com.mk