Технолошките компании стануваат сè покреативни со своите огласи за работа, но еден полски девелопер сепак отишол предалеку.
Полската компанија „Spectrum Studios“, имено, објавила оглас за работа во кој бара работници за развој на нови видеоигри и на прв поглед сè делува во ред.
Меѓутоа, кога ќе погледнете малку повнимателно, откако се бараат вообичаени знаења, ќе наидете на чудно барање - пишува дека дружењето во сауна е задолжително.
Мора да се признае дека ова е во најмала рака невообичаено, а дали работата е „извлечена“ проценете сами со тоа што видеоиграта за која бараат работници всушност се одвива во сауна.
Јачек Пјорковски од ова студио напишал дека „сценаристките за игри мора да одат во сауна со него, за да можат на најдобар начин да осмислат сценарио за видеоигра“.
„Може и без тоа, се разбира, но го обожувам фактот што можат да го искористат своето искуство во сауна за да напишат одлични сцени“, додал Пјорковски.
Како што можете да претпоставите, овој оглас бил брзо избришан по негативното внимание и гневните коментари што ги предизвика. Од студиото, пак, повторно се огласија обидувајќи се да се одбранат.
„Ова се бара како дел од истражувањето за играта - не пишува дека некој мора да биде гол или да оди во сауна стриктно со шефот. Може да се оди и со жени, само е неопходно да се разберат емоциите кои сакавме да ги разбудиме со оваа игра“, истакнал Пјорковски.