Губењето на вашата интернет конекција може да го направи вашето патување мизерно, особено ако се потпирате на вашиот телефон за да знаете каде одите.
Без разлика дали се возите со метро во странски град, или шетате низ недопрена природа, Интернетот може да ве изневери. Сепак, сè не е изгубено. Во овие ситуации, можете да преземете „Google Maps“ за офлајн употреба и да ги добиете вистинските насоки.
За волја на вистината, нема да добивате прецизни податоци кога станува збор за пешачење, транзит или велосипедски тури, но ќе добиете солидни офлајн насоки за возење.
Исто така, треба да имате на ум дека мапите што ги преземате ќе истечат во одреден момент, бидејќи „Google“ редовно ги ажурира за да бидат што е можно попрецизни.
Еве како да преземате офлајн картите:
Стартувајте ја апликацијата „Google Maps“ на вашиот уред со „Android“ или со „iPhone“. Треба да сте најавени на вашиот профил на „Google“ и да ја имате инсталирано најновата верзија на апликацијата.
Изберете ја мапата на градот или областа што сакате да ја преземете.
Притиснете го менито на дното на екранот со името на страницата што ја баравте и притиснете го копчето „Преземи“. Ако не ја гледате оваа опција, допрете ги трите точки во горниот десен агол на екранот и побарајте ја опцијата за преземање офлајн.
„Google“ потоа ќе ви ја покаже мапата и ќе ве праша дали сакате да ја преземете. Притиснете „Преземи“ повторно за да го потврдите вашиот избор.
Откако ќе ги преземете избраните мапи, тие ќе ви станат достапни дури и кога немате интернет конекција и можете лесно да ги прегледувате и истражувате кога сакате. Доволно е само редовно ажурирање на „Google Maps“, за да бидете во тек со промените што ги спроведува „Google“.