Поврзете се со идните вработени на најголемиот Employer Branding настан во регионот!
Регионалниот саем за вработување и оваа година ги отвора своите виртуелни врати на есен, поточно од 15 до 22 октомври 2024 година. Овој онлајн саем е дизајниран на таков начин што овозможува едноставно поврзување на работодавачите и вработените и ефикасен и брз процес на регрутирање.
Можете да им се претставите на потенцијалните кандидати преку пет клучни елементи:
- За нас: сегмент во кој имате можност да ја претставите вашата компанија како работодавач и да ги презентирате сите важни информации за работењето во вашата организација.
- Зошто ние: Нагласете ги предностите, бенефициите и придобивките што им ги нудите на вработените и нагласете како се разликувате од конкуренцијата.
- Искуства на вработените: Наведете неколку искуства и препораки од вработените кои ќе покажат каква е работната култура во вашата компанија.
- Chat: воспоставете директен контакт со кандидатите преку опцијата chat и/или видео повик за да го подобрите квалитетот и да го забрзате процесот на вработување.
- Галерија: објавувајте фотографии од компанијата како дел од галеријата и поткрепете ги тврдењата за добра работна атмосфера.
Како да се регистрирате и да креирате штанд?
Имате избор од неколку видови штандови, можете да се истакнете како златен, сребрен или бронзен изложувач. Секој од нив ќе ви донесе дополнителен досег на пазарот на трудот, затоа изберете го оној кој најмногу одговара на вашите потреби. Најдете детални спецификации за секој штанд во презентацијата.
Регистрирајте се преку веб-страницата на Регионалниот саем за вработување и со рана пријава до 2 септември, ќе добиете попуст од 10%.
Креирањето штанд е целосно поедноставен процес во кој секогаш ќе ја имате поддршката од тимот на Vrabotuvanje.com.mk. Погледнете го видеото во кое е прикажано креирањето штанд и резервирајте уште денес.