Финска забележа ново зголемување на невработеноста во мај. Во мај, стапката на невработеност во оваа скандинавска земја беше 10,2 отсто, што е за 1,2 процентни поени повеќе од април и највисока од мај 2021 година, кога беше 10,3 отсто, покажуваат официјалните податоци.
Невработеноста во возрасната група од 15 до 74 години во мај била 10,2 отсто, по 9,2 отсто во април, пренесува SEEbiz.
Невработеноста кај младите од 15 до 24 години се зголеми на 30,3 отсто, што е за 5,6 процентни поени повеќе од април. Бројот на регистрирани невработени минатиот месец достигна 299.000, откако во април беше 263.000.
Сепак, стапката на вработеност во Финска се зголеми од 62,4 отсто во април на 63,7 отсто во мај.