Со огромно задоволство Ве известуваме дека КШМК-Бт воведува БОНУС ЗА СЕКОЈ НОВ ВРАБОТЕН со кој на сите нови вработени во компанија ќе им биде исплатен специјален бонус.
Покрај него не инфомираа дека ќе се исплаќа и БОНУС ЗА ПРЕПОРАКА ЗА НОВ ВРАБОТЕН.
Овие бонуси се израз на нивната благодарност од една страна до новите вработени кои ќе одлучат да бидат дел од Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ, ќе сакаат да ги споделат своите знаења и искуства со сите нив, а од друга страна до сите колеги кои активно учествуваат во процесот на регрутирање нов кадар во компанијата со предложување на своите блиски роднини и пријатели.
Искрено веруваме дека на овој начин ќе ги поттикнат и ќе допринесат во градењето на успешна и пријатна работна средина.
Воведувањето на двата бонуси има за цел да им даде дополнителен стимул на новите вработени, да помогне во процесот на успешно интегрирање во компанија, а од друга страна да покаже благодарност до колегите кои се вистински промотери на компанијата со најдолга традиција и најдобри услови за работа.
Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ со разни активности кои ги воведува е број еден во најдобри услови за своите вработени од самото основање на компанијата.
Бидете и ВИЕ дел од КРОШУ