Просечната пензија во Македонија за месец март 2024 година изнесувама 21.209 денари. Ако се подели на 30 денови, се добива сума од 707 денари на ден, или околу 7.950 денари неделно.
Во оваа пресметка не се сметаат режиските трошоци како струја, вода, телефон, а некои имаат и трошоци за бензин и одржување на возило.
Но, ако ги земеме сите 707 денари на ден за трошоци за храна, во маркет може да купите еден килограм пилешко месо кое чини 539 денари, леб кој чини 33 денари, 1 килограм домати 55 денари, 1 килограм компири (25 денари) и 1 килограм кромид (25 денари), и ќе ви остане нешто ситно. Ќе немате ниту за млеко, кое чини од 78 денари до 90 денари.
1 литар јогурт чини од 75 денари па нагоре. 10 јајца чинат од 77 денари па нагоре, или околу 7 денари парче.
Свинското месо се продава од 409 денари па до 460 денари. Пилешки копан се продава по цена од 299 денари по килограм. Едно пакетче макарони чини од 65 денари па нагоре. Најевтиното масло е 72 денари.
1 килограм ориз е околу 100 денари, 450 грама грав чини 155 денари, леќа 400 грама 84 денари.
Еден сок од 1,5 литри чини околу 50 денари. Лименка пиво од 0,5 литри е некаде околу 50 денари во маркетите.
Кога сме кај зеленчукот, цената варира во зависност од тоа што има во моментот. Домати чинат 55 денари, 1 киограм зелка 26 денари, пиперки 69 денари, краставици 79 денари.
Овошјето, пак се продава по цени од: банани 79 денари, јаболки околу 90 денари, праска 55 денари, диња 60 денари, лубеницата е 29 денари.
Килограм шеќер чини околу 55 денари, а килограм сол 43 денари. Еден килограм брашно е 44 денари.