Туристите кои престојуваат во Грција ова лето во Солун можат да најдат ресторан со многу вкусна и евтина храна лоциран надвор од строгиот центар на градот наречен Бабис. Цените се многу пониски отколку во таверните и рестораните во центарот. Предјадењата се од 3 до 5 евра, главното јадење до 10 евра, додека чаша вино чини 2 евра.
Она што е интересно е дека работното време на ресторанот е само до 17 часот и работи по принципот на резервации. Тие се напишани со рака и се наоѓаат на масите.
Сајтот Nikana.gr објави детали за ресторанот Бабис, кој, како што се наведува, секогаш е полн и најмногу го посетуваат мештаните.
„Ако тргнете малку надвор од строгиот центар на Солун, може да наидете на стари кафулиња со домашна услуга, вкусна храна и ниски цени.