МОН ќе ја консултира јавноста и наставниците за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025 година.
Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните
училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност, како што велат е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.
„Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење“, се посочува во информацијата.
Информираат дека со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.