Екипите на итните служби се соочуваат со проблем при извршувањето на своите задачи во стариот дел на Охрид. Според фотографиите што ги објавија од Територијалната противпожарна единица – Охрид, станува збор за паркирани возила на несоодветни места.
– Проблемот е доста комплексен и првично треба да проработи свеста кај секој од нас поединечно. Стариот дел на градот е од исклучителна важност со оглед на тоа што поседуваме културно-историски споменици од непроценливо значење. Опасноста од блоковски пожари на овој потег е голема, имајќи ги предвид збиеноста на објектите, неможноста за брзо и ефикасно интервенирање и слично – велат од ТППЕ Охрид – Пожарна.