Принцот Вилијам (42) и Кејт Мидлтон (42) објавија оглас за вработување на официјалната веб-страница на кралското семејство, кој веднаш го привлече интересот на многумина. Кралската двојка е во потрага по нов член на својот персонал, а тие ги навеле сите вештини што треба да ги поседуваат за да работат за нив.
Во огласот пишува: Ова е возбудлива можност да се приклучите на посветениот тим во Кенсингтонската палата, поддржувајќи ги Нивните Кралски Височества Принцот и Принцезата од Велс,“.Позицијата „Асистент Секретар за Велс и Обединетото Кралство е задолжен да го води планирањето и извршувањето на поголемиот дел од јавните ангажмани на Нивните Кралски Височества во Велс, Шкотска и Северна Ирска, и треба да придонесе за развојот на стратегијата на Домаќинството за максимален импакт низ составните нации на Обединетото Кралство, со посебен фокус на Велс.“
Покрај тоа што бараат „одлични комуникациски и организациски вештини“, позицијата бара и некои уникатни квалитети за да помогнат на Принцот Вилијам и Принцезата Кејт да го зајакнат нивниот однос со Велс, вклучувајќи и „докажана способност за градење продуктивни односи со широк спектар на поединци и институции,“ и „силно разбирање на велшките заедници, работи, влада и бизнис.“ Кандидатот треба да биде исто така течно да зборува велшки. „Разговорниот велшки е неопходен, а течното владеење на велшкиот јазик, и писмено и усмено, е посакувано,“ се вели во описот на работното место.
Принцот и принцезата бараат кандидат кој може да работи околу 37,5 часа неделно и да има „практичен пристап додека работи во мал и агилен тим.“ Денес (до 23:55) е последниот ден за аплицирање за многу посакуваната позиција во домаќинството на Велс.
Линкот за аплицирање е ОВДЕ
Ама плата не напишале?!