Компјутерџиите убедливо со најголеми плати во Македонија. Во последниве месеци нивните примања значително отскокнуваат над повисоките плати во земјава, а далеку многу повеќе од просечната и минималната плата.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во месец мај вработените во секторот Компјутерско програмирање и сродни дејности имале плати кои надминуваат 95 илјади денари. За споредба, просечнат аплата во мај достигна 41.939 денари.
Она што изненадува во последниот извештај на статистика е фактот дека вработените во воздухопловниот транспот, кои исто така вообичаено имаат меѓу највисоките плати, овој пат не се најдоа ниту на листата топ пет најголеми плати во Македонија.
Би можело да ве интересира: Отворени позиции во сектор ИТ, ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
Согласно последните податоци листата ТОП ПЕТ највисоки плати е следнава:
- Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 95.112 денари
- Информации и комуникации – 76.518 денари
- Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 74.071 денари
- Финансиски дејности и дејности на осигурување – 67.866 денари
- Телекомуникации – 62.482 денари
За разлика од ТОП ПЕТТЕ највисоки плати, во Македонија и понатаму има работници со ниски примања. Нивните плати не достигнуваат до просекот кој е карактеристичен за нашата земја.
Бројките покажуваат дека убедливо на „врвот“ со најниски плати во Македонија во месец мај се вработените во сектор заштитни и истражни дејности, па ветеринарсните служби, производство на мебел...
Еве ја листата со ТОП ПЕТ најниски плати:
- Заштитни и истражни дејности – 25.200 денари
- Рибарство и аквакултура – 26.584 денари
- Производство на кожа и слични производи од кожа – 26.828 денари
- Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата – 26.857 денари
- Производство на кокс и рафинирани нафтени производи – 27.789 денари
Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари, Додека пак, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 62 964 денари.
Вработен си во одреден сектор и сакаш да знаеш која е платата што ја заслужуваш за твојата позиција? Провери на MojaPlata.mk