
Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија, соопшти денеска амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски. - Укинати се визите и за Колумбија, најбрзорастечката економија на континентот, втората најмногубројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес - напиша Боцевски на својот фејсбук-профил.
Следни на списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу.
Боцевски додава дека безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов.
извор: fakulteti.mk