Со 120.000 производи на својата платформа, 400 партнери соработници и мото „Тешко ама Јако“, Ananas.mk ја прослави својата прва година на македонскиот пазар. За предизвиците, за стратегијата, за идните планови, но и за свесноста на македонците за онлајн купување, разговараме со Денис Ампов, Country Manager на Ananas.mk.
Што велат статистиките колку пораснавте од почетокот до денес?
Продажбата на Ананас на македонскиот пазар од почетокот на нашето присуство порасна значително. Веднаш откако се лансиравме на пазарот, забележавме зголемен интерес и популарност меѓу потрошувачите. Преку активни маркетинг кампањи, стратегии за промовирање и соработка со сериозни и најпрестижни дистрибутери, успеавме да го зголемиме нашиот пазарен удел и да го утврдиме и збогатиме брендот на Ананас како препознатлив и омилен меѓу македонските потрошувачи! Генерално веќе забележуваме троцифрени проценти на раст - заклучува Ампов, но веднаш се надоврзува на почетните предизвици па вели:
Почетниот период на влегување на нов пазар вклучува многу предизвици, вклучително изградба на свесност и доверба меѓу потрошувачите, осигурување на дистрибуциска мрежа и конкурирање со веќе етаблирани брендови. Резултатите се доказ дека успешно се справувавме со овие предизвици преку стратегија за диференцирање на производите и услугите, фокус на квалитет и иновации, иновативни стратегии и посветеност кон квалитетот и клиентското искуство, како и активно ангажирање со локалната заедница и бизнис партнерите. Во моментов ниту една од земјите во западен Балкан не може да се пофали со целосно изградена инфраструктура за онлајн продажба, но ние овде имаме многу предизвици за кои се надеваме дека ситу вклучени институции ќе стават приоритет за изградба на еден еко систем кои може да донесе бенефит за сите онлајн трговци.
Колку беше тешко или лесно да се изгради тим на соработничка мрежа, колку компаниите веруваа на новиот бренд кој прв пат влегува на македонскиот пазар?
Беше вистински предизвик да се гради и развива тимот на соработници. Компаниите покажаа дека се навистина бизнис ориентирани и отворени за нови хоризонти во насока на задоволни крајни купувачи. Благодарни сме за што од самиот почеток го препознаа нашиот потенцијал, ни ја препишаа нивната доверба и одлучија да соработуваат со нас. Сите наши соработници се поеднакво заслужни за нашиот достиг и ова што сме денес. Во моментов Ананас платформата има повеќе од 400 партнери.
Анализата на пазарот е клучна за правилно пласирање на било кој бренд
Со оглед на тоа што Ананас веќе е етаблиран бренд во Србија, можете ли да направите споредба во однос на тоа што ни е исто а што никако не може да се имплементира на Македонскиот пазар?
Ананас е веќе добро познат и успешен водечки бренд во Србија, но секој пазар има свои специфичности и потреби. Ние го прилагодивме нашиот пристап, вклучувајќи локално познавање и анализа на пазарот, што резултираше во успешно внесување на иновации и производи кои го задоволуваат македонскиот стил на живот и потреби. Не би кажал дека постои нешто што не може да се имплементира, само можеби има процеси за кои е потребно повеќе време и труд. Но верувам дека сите заедно овде можеме да постигнеме многу, бидејќи ова е иднината - а во истата треба да инвестираме.
За Македонските прашања:
Ако треба на скала од 1-10 да ја ставите свесноста на Македонците за купување онлајн која би била оцената?
Тешко е да се даде ваков одговор, бидејќи најпрвин свесноста што е онлајн продажба кај нас е погрешна од корен. Не регулирани трговци кои продават преку профили на социјланите мрежи и продаваат производи преку порака на истите мрежи, не може да се дефинира како онлајн продажба. Тоа е класична продажба човек на човек, само каналот на комуникација е дигитален и онлајн. Мислам дека со доаѓањето на Ананас и сите активности, им преставивме на сите корисници што значи платформа и онлајн продажба. Работиме секојдневно на едукацијата за купување и можам само а заклучам дека прогресот е голем.
Ананас има една политика на постојано давање повеќе на купувачите, со ваучери, со попусти, со поволности и слично...Зошто ја одбираат ова стратегија
Довербата на нашите купувачи ни е исклучително важна. Затоа, се обидуваме да ја оправдаме и на неконвенционални начини кои кај нас за прв пат се случуваат. Покрај тоа, убедени сме дека постојаното давање повеќе, преку ваучери, попусти и поволности, ќе помогне да креираме и одржиме лојалност на нашите купувачи. Овој пристап не само што го поттикнува купувањето и ја зголемува сатисфакцијата, туку и не разликува од конкурентите, преку нудење дополнителна вредност за поголемо задоволство на купувачите.
7. Што ве разликува вас од останатите онлајн продавници?
Хм... од каде да почнам, во моментов ние сме единствената маркетплејес платформа во македонија во правилна смисла на зборот, каде можете да видите избор на повеќе од 120.000 производи на едно место, 400 трговци кои се истакнати со нивното име под производите. Едноставно ние сме навистина онлајн шопинг мол. Најсофицитицирани системи за безбедносно плаќање, лосно и едноставно враќање на роба и брза достава.
За тимот и генерациите...
Што вели Ампов, има ли во Ананас.мк хиерархија и авторитети или просекот од 30 години прави да се работи повеќе другаркско-тимски отколку колегијално-професионално?
- Желбата, мотивацијата и професионалнсота се главен критериум за да се биде дел од тимот на Ананас, а годините се само бројка! Тимот кој работи во Ананас е група на ентузијастични и вредни лица со стремеж за револуционарни промени во овој дигитален свет – тие се темелот на нашиот успех. Младите луѓе донесуваат свеж пристап, креативност и ентузијазам, што ги стимулира да размислуваат напред и да се адаптираат на брзо менливите услови на пазарот. Често сакам да истакнам дека во Ананас динамиката е голема и овде сите вработени доживуваат огромен раст на професионален раст, затоа што тоа што се случува во традиционалниот бизнис за 30 дена, овде се случува да е во 2/3 дена. Сите луѓе кои имаат драјв од резултати и сакаат да дадам максимум на работно место, Ананас е местото за нив. Имаме една изјава која е наше мото ТЕШКО, А ЈАКО - заклучува Ампов и додава:
- Нашата култура на работа е базирана на взаемно почитување и стимулирање на иновацијата,креативноста и тимската работа. Го почитуваме лидерството, но и креираме пријателски и отворен однос меѓу соработниците! Сепак ние сме старт ап и често сите знаеме да правиме се, да работиме оперативни работи, да носиме стратегија заедно и да се дружиме заедно.
Нешто лично:
Како млад менаџер колку лично „пораснавте“ во изминатава година и што ќе понесете како поука од овие 365 дена на Ананас во Мекедонија?
Ова е една од најдобрите одлуки што сум ги донесол во мојата кариера, прифажањето на овој предизвик навистина беше многу возбудлив за мене, но искрено немав ни 10% од сликата колку можам да порасанам во оваа работна средина. Ако треба преку бројки да квантифицирам тоа би било дека сум бил на скала 2, а сега на 8.
За идните планови:
- По прославување на нашиот прв роденден, целта на Ананас е да продолжи со непрекинат раст и развој, да го зголеми пазарниот дел и да нуди нови и иновативни продукти и услуги на македонските потрошувачи. Ние сме амбициозни да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти и да продолжиме да го надградуваме нашиот бренд! Имаме многу иновции до крајот на годината, но постепено ќе ги информираме купувачите.