Крипто секторот можеби е познат по својата машка доминација, но кога станува збор за наградувањето, светот на дигиталните валути е еден од ретките каде жените се платени повеќе од мажите.
Истражувањето на „Pantera Capital“ на 502 луѓе во САД, најголемо од ваков вид, покажа дека жените заработуваат 14,67% повеќе од мажите. Просечната основна плата на жените е 172.000 долари годишно, во споредба со 150.000 долари за мажите. Тоа е еднакво на 1,15 долари за секој долар што мажот го заработува во сегментот.
Разликата е статистички значајна, забележува „Pantera Capital“. Тоа е, исто така, во голема спротивност со општиот тренд на пазарот на труд во САД, каде што обично жените се помалку платени од мажите – во компании надвор од крипто секторот, жените добиваат 84 центи за секој долар за маж.
Помеѓу другите групи, само онаа на продуцентите и режисерите во забавниот сегмент пријавила повисоки примања за жените. И додека другите високообразовани професии се приближуваат до еднаква плата, реалноста е дека дури и во технолошката индустрија „Web2“, мажите се платени повеќе за иста работа, со голема разлика.
Една од причините што може да ја објасни обратната разлика во крипто секторот е нивото на искуство: жените во крипто секторот имаат тенденција да бидат поискусни и често на средни или високи позиции; со над 5 години искуство на слична позиција. Во исто време, голем број мажи заземаат почетни позиции, движејќи се повеќе во крипто секторот.
Податоците сугерираат дека крипто секторот може да понуди подобри можности за жените, иако тие „сеуште веројатно ќе продолжат да се соочуваат со тешкотии и пречки во оваа индустрија“, се вели во извештајот.
Анкетата беше спроведена од 4-ти до 20-ти јули онлајн и дистрибуирана преку професионални мрежи (LinkedIn), социјални мрежи (X), билтени и е-пошта. Има 502 вработени со полно работно време со седиште во САД.