Пиењето вода е многу важно за различни процеси во организмот, а често се истакнува и важноста од пиењето чаша вода веднаш штом ќе се разбудите. Но, дали тоа е вистина?
Нутриционистот и виш директор за глобално клиничко истражување и исхрана во „Вејт вачерс“, Мишел Кардел, истакнува дека одредена количина вода е од суштинско значење за здравјето на целиот организам бидејќи му помага на телото да функционира правилно со регулирање на телесната температура, поддршка на варењето, намалување на оптоварувањето на бубрезите и црниот дроб, со исфрлање на отпадните производи и оптимизирање на моќта на мозокот.
Дури и само мала дехидратација до 2 проценти може да доведе до симптоми како што се главоболки, вртоглавица, раздразливост, тешкотии со концентрацијата и замор. Поради ова, се појавија различни теории за важноста на водата, а особено се издвојува онаа која наведува кога е пожелно да се пие вода.
Би можело да ве интересира: Внимание: Никогаш не пијте вода од пластично шише во текот на летото
Некои тврдат дека пиењето вода како првото нешто што ќе го сторите наутро помага во подобрување на здравјето, намалување на телесната тежина и други здравствени придобивки. Но, дали тоа е навистина потребно?
Имено, одржувањето на хидратацијата во текот на денот е важно за вашето целокупно здравје, па затоа пиењето вода веднаш штом ќе се разбудите може да ви помогне да го достигнете дневниот внес на вода, но не како што изјавила Кардел, односно таа вели дека не постои магично количество на вода што ни треба на почетокот од денот.
Чувањето шише вода на вашата ноќна маса може да биде суптилен потсетник да му пристапите на денот со размислување за зајакнување на здравјето. Исто така, може да ви помогне да се чувствувате побудни. Додавањето храна во водата исто така може да помогне во зголемувањето на нивото на енергија.
Иако водата е важна за здравјето, таа нема да ви помогне да изгубите тежина и да го детоксицирате телото. Затоа, наместо да верувате дека пиењето вода наутро ја зголемува ситоста, треба да знаете дека нема доволно докази за поврзување на внесот на течности со зголемената ситост или губење на тежината.