Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 114.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.6 %), Административни и помошни услужни дејности (22.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (19.6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.1 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %) и Административни и помошни услужни дејности (4.5 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2024 година, изнесува 41 939 денари.
Додека пак, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 62 964 денари.
Мислиш дека си малку платен? Провери на Mojaplata.mk - едноставна, брза и точна алатка за одредување на платите на вработените!