Во сообраќајот во нашата земја секојдневно учествуваат над 50.000 автомобили, на кои регистрацијата им е истечена. Ова се податоци според Централниот систем за издавање на полиси за авто одговорност во НБО, кои ги објави порталот ПАРИ. Поседувањето на полиса за осигурување на возило е законска одредба, но не сите го почитуваат тоа.
Осигурувањето покрај регистрацијата на возилото е задолжителна секоја година. Со регистрацијата се стекнувате со авто-осигурителна полиса, со која се заштитувате себе како возач, но и другите учесници во сообраќајот од потенцијални нездоди и штети.
Доколку не поседувате осигурителна полиса, а ви се случи некоја незгода, тогаш вие ја покривате целата штета, а згора на тоа ќе платите и казна.