Иако припаѓа на една од најмалите европски земји, Малта може да се пофали со зголемен број нови жители, особено пензионери. А, причината не се само прекрасните плажи – од кои едната е прогласена за најдобра во Европа.
Веб-страницата Global Citizen Solutions создаде листа на најдобри земји за пензионерско живеење, а Малта е трета, зад Португалија и Шпанија.
„Малта може да се пофали со неверојатен здравствен систем, пристапни цени на имотот, фантастични даночни олеснувања и стимулации, политичка стабилност, широк спектар на опции за забава, идеално време во текот на целата година и голема популација што зборува англиски, меѓу другото“, се вели во извештајот.
Земјата, која се наоѓа меѓу Италија и Либија, има население од нешто повеќе од 530.000 жители. Поради својата стратешка локација во централниот Медитеран, културата и традициите на Малта се мешавина што ги одразува северноафриканските, европските и блискоисточните влијанија низ вековите. И иако можеби имаше турбулентно минато, Малта моментално е една од најбезбедните земји во Европа, според Светската банка.
Како дополнителна предност, англискиот е еден од официјалните јазици на Малта, така што привлекува многу имигранти и многу ја олеснува културната асимилација и секојдневниот живот.