Минатата година, моделот Y на Tesla ја освоии Европа, станувајќи најпродаваниот нов модел на автомобил на континентот. Сепак, само половина година подоцна драстично се променија работите и ова возило забележително падна на продажната листа.
Наместо релативно скап електричен SUV, прв на новата листа е еден од најевтините автомобили на пазарот, градскиот модел „Dacia Sandero“.
Ова го откриваат податоците за продажбата во земјите членки на Европската унија и Европската асоцијација за слободна трговија, како и во Велика Британија. „Dacia“ излезе на врвот со 143.596 продадени „Sandero“. „VW Golf“ се искачи на второто место. Во првата половина на 2024 година се продадени 126.993 примероци од „Golf“, додека на третото место е „Renault Clio“ со продадени 114.623 примероци.
Ренесансата на веќе речиси непостоечкиот „Golf“ и падот на електричната „Tesla“ на само осмото место можеби се првиот показател дека преференциите на клиентите се враќаат на старите начини и дека популарноста на електричните автомобили и теренците полека опаѓа.
На четвртото место на листата е уште еден „VW“, моделот „Т-Рок“ (111.381), пред „Peugeot 208“, кој пред две години беше најпродаваниот автомобил во Европа.
Во првата половина од годината, 107.097 примероци од 208 беа регистрирани низ целиот континент. Следува Škoda Octavia, а на седмото место следи Citroen C3. По „Tesla“, топ 10 листата ја комплетираат „Toyota Yaris Cross“ и „Toyota Yaris“.
Најпродаваните автомобили во Европа во првата половина на 2024 година:
Dacia Sandero– 143.596
VW Golf– 126.993
Renault Clio– 114.623
VW T-Roc– 111.381
Peugeot 208– 107.097
Škoda Octavia– 102.945
Citroen C3– 102.304
Tesla Model Y– 101.181
Toyota Yaris Cross– 99.694
Toyota Yaris– 93.576.