Македонец добил казна за погрешно паркирање во Ханиоти во Грција, а вели дека таму немало знак за забрането паркирање.
Ова тој го објави на фејсбук страницата Грчка инфо.
„Денеска стигнавме во Ханиоти и полицајците ми дадоа казна за погрешно паркирање, каде што нема знак за забрането паркирање. Со оглед на тоа што колата се врати назад (во Македонија), не знам дали ќе треба да ја платам казната овде, или да чекам да ми стигне на домашна адреса и да ја платам во Македонија?! Прашувам затоа што треба да се вратам со истата кола за една недела, па не знам дали ќе може да влезе и да излезе од Грција, бидејќи повторно ќе биде недела, а поштата е затворена.
Дали некој има искуство со сообраќајни прекршоци во Грција?“, прашува овој граѓанин.