Највисока акциза за цигарите во Европската унија е воведена во Ирска – 9,92 евра за кутија од 20 цигари, потоа Холандија – 7,66 евра и Франција – 7,45 евра.
Најниска акциза се наплаќа во Бугарија – 1,92 евра за кутија од 20 цигари. Следни најниски даноци се Полска и Хрватска, 2,33 евра, односно 2,52 евра. Ова го изјави меѓународната истражувачка тинк-тенк „Tax Foundation“ во публикација на својата веб-страница. Нејзиното истражување наведува дека пушачите во Европската унија плаќаат многу повеќе даноци и акцизи отколку што плаќаат за самите цигари.
Директивата на ЕУ за данок на тутун бара од сите земји-членки да воведат минимална акциза за цигарите и другите тутунски производи. Земјите на ЕУ воведуваат специфичен „ad valorem“ данок на цигарите (фиксен износ по кутија цигари) и „ad valorem“ акциза (дополнителен процент од малопродажната цена).
Во 2024-та година, земјите-членки на ЕУ во просек наметнаа акцизи за цигарите кои надминуваат 80% од продажната цена на мало. Тоа значи дека овие давачки ги зголемија просечните цени за потрошувачите за повеќе од 450%, забележуваат од „Tax Foundation“.
Според директивата на ЕУ за данок на тутун, земјите-членки мора да воведат минимална акциза за цигарите и другите тутунски производи. Земјите воведуваат данок во фиксен износ по кутија цигари, како и акциза која е процент од продажната цена на мало. Минималната вкупна акциза е најмалку 60% од националната пондерирана просечна малопродажна цена, а овие минимални вредности се одржуваат од 2014-та година. Земјите-членки кои наметнуваат повисока специфична стапка од најмалку 2,30 евра по кутија не треба да го исполнуваат условот од 60%. Двата даноци се додаваат пред да се додаде данокот на додадена вредност (ДДВ) на цената.
Сегашните минимални стапки на акциза за цигари во ЕУ се 1,80 евра (1,95 долари) по кутија од 20 цигари, а минималната вкупна акциза е најмалку 60% од националната пондерирана просечна малопродажна цена. Европската директива утврдува само минимални стапки, но сите земји наметнуваат повисоки стапки, забележува „Tax Foundation“.
Акцизите се наплаќаат покрај ДДВ-то за цигарите. Земајќи ги предвид вкупните даноци, просечниот даночен удел на пондерираните просечни цени на мало за 2023-та година низ земјите на ЕУ се движи од 67,5% во Германија до 110% во Холандија.
„Tax Foundation“ вели дека податоците ги пресметува и објавува Европската комисија користејќи ги пондерираните просечни цени од претходната година (WAP) според Директивата за даноци за тутун. Даноците како процент од „WAP“ се помали од 100% за сите земји за кои се достапни податоци, користејќи просечни малопродажни цени за истата година.
Даноците за цигари се регресивни затоа што акцизите се генерално регресивни, но и затоа што пушењето е позастапено кај луѓето со помали примања. Тесната основа и трендот на опаѓање на потрошувачката ги прават акцизите на цигарите нестабилни извори на приходи, а овие приходи често се пренасочуваат на трошоци кои воопшто не се поврзани со пушењето. Зголемувањето на данокот за цигари има тенденција да го поттикне шверцот на цигари и да ги турка потрошувачите на нелегални пазари.
„KPMG“ проценува дека повеќе од 35 милијарди фалсификувани и шверцувани цигари биле потрошени во ЕУ во 2022-ра година, што изнесува 8,2% од вкупната потрошувачка на цигари и загуба од 11,3 милијарди евра (12,2 милијарди долари) од даночните приходи.
Најголеми пазари за недозволени цигари како процент од вкупната потрошувачка се во Франција (32%), Ирска (24%) и Грција (21%). Во Франција тоа е речиси половина од нелегалната потрошувачка во ЕУ.
Пред извесно време во ЕУ беа разгледани големите ажурирања на директивите за оданочување на тутунот, но промените беа одложени на неодредено време. Како што продолжува пушењето цигари и расте потрошувачката на фалсификувани и шверцувани цигари, се очекува Европската комисија да ги разгледа ажурирањата на даночната политика за тутунот.