Бројот на живородени дечиња во второто тримесечје од 2024 година е помал за 7,2% соопшти Државниот завод за статистика и нивниот број изнесува 3840 деца.
Бројот на починати лица во второто тримесечје од 2024 година бележи зголемување од 0.3 % во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 4 711 лицa, а од нив 12 се починати доенчиња.
Природниот прираст е негативен, односно – 871 лице, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во второто тримесечје од 2024 година, склучени се 2 533 бракови, што претставува намалување за 22.6 % во споредба со истиот период од 2023 година. Во ова тримесечје се добиени 390 извештаи за разведени бракови.