Убавиот гест компанијата го соопшти на својот Линкедин профил:
„-Овој септември, почетокот на новата учебна година и првиот училиштен ден на првачињата на вработените во ТАВ Македонија ќе бидат уште повозбудливи!
Во рамки на програмата за бенефиции за вработените „ТАВ Аеродроми за вас“ и како дел од корпоративната стратегија на ТАВ Македонија, за вработените на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, од оваа година, воведуваме нова бенефиција - слободен ден за првиот училиштен ден за секој вработен чие дете е прваче
Како дел од практиките за ЧР и грижата за нашите вработени се стремиме да им дадеме максимална поддршка, особено во овој важен период за нивните деца-првачиња, кои за првпат ќе седнат во училишните клупи.
Ја разбираме важноста на оваа значајна пресвртница и период за семејствата на нашите вработени, а со слободниот ден, сакаме да го направиме почетокот на училишниот период незаборавен.
Ја цениме нивната посветеност и напорна работа и горди сме што ги поддржуваме и придонесуваме во овој возбудлив период за нивните семејства’’
Инаку ТАВ оваа година ја доби наградата за Најпопуларен работодавач за вработување во категоријата транспортни компании.