Денеска почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години.
Учебната година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.
Наставата почнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има само за учениците од неколку училишта каде не е завршена на време реконструкција или набавка на опрема, како клупи и столчиња за учениците.
Во 140 училишта ќе се одвива едносменска настава, за која надлежните се залагаат да се воведе во сите училишта во државата.Годинава основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст.