Дипломата е меѓународно признаена, практичната настава е многу важен дел од наставата а присуството на предавачи гости од струката е правило. Универзитетот Скопје функционира како целина од три факултети и два институти. На Економскиот факултет имаме три студиски програми: првата е финансии, бизнис и осигурување, втората е менаџмент на човечки ресурси и третата програма е меѓународен маркетинг и менаџмент. Исто такаи Факултет за туризам и Факултет за информатички технологии, а на универзитетот има два научни институти – Научен институт за менаџмент и Научен институт за национална географија“
Пример за посветеност, за грижа за студентите и, најважно, знаење кое ги подготвува за пазарот на труд е токму Универзитетот Скопје. Кога учите со нас, и вие може да имате влијание – токму тоа е резултатот што ќе го добие секој студент на крајот од своите студии. Но, како да се изберат студиите? Најважно е да се следат сопствените афинитети.
„Овој Универзитет функционира како целина од три факултети и два институти. На Економскиот факултет имаме три студиски програми: првата е финансии, бизнис и осигурување, втората е менаџмент на човечки ресурси и третата програма е меѓународен маркетинг и менаџмент. Исто така, имаме и Факултет за туризам и Факултет за информатички технологии, а воедно имаме и два научни институти – Научен институт за менаџмент и Научен институт за национална географија“, вели проректорот за настава, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, проректор за настава на Универзитетот Скопје.
„Универзитетот е поинаков од останатите факултети бидејќи 90% од професорскиот кадар е дојден од реалниот сектор.“
За време на предавањата, покрај презентирање информации за научната теорија од соодветната област, Универзитетот нуди и апликативни примери, а покрај редовните професори, има и предавања од експерти од најразлични стручни области, што е исклучителна можност за сите студенти.
Универзитетот внимателно следи и што се бара на пазарот на труд. Менаџментот е во постојана комуникација со бизнис-заедницата, каде што покрај честите разговори за економската состојба, се прават договори и за практична работа на студентите, кои имаат можност одблиску да се запознаат со работата, но и стопанствениците добиваат шанса за ангажирање стручен, млад кадар.
Универзитетот Скопје се труди сите студенти во текот на академската година да добијат најмалку 30 дена стручна практична работа. Тоа е и законска обврска за Универзитетот. Практиката, пак, се одбива во реномирани компании со кои УТМС има потпишано договори за соработка.
„Студентите од Економскиот факултет одат на практична работа во ‚Халк банка‘, во осигурителни компании, студентите што се на отсек маркетинг имаат практика во агенции за маркетинг, тие од човечки ресурси практиката ја извршуваат во компании во кои има сектор за човечки ресурси. Студентите по туризам практична работа најчесто имаат во хотели, а за информатичарите, пак, секогаш има голем број можности. Четири години по најмалку еден месец практична работа – и се стекнува искуство. Па тогаш и компаниите, наместо да бараат да вработат некој нов, за нив непознат работник, нашите студенти што оделе со години на практична работа, автоматски ги ставаат во системот за потенцијални вработени“, вели проректорот Ѓоргиевски.
Најважно да се потенцира за Универзитетот е што е поинаков од останатите факултети, бидејќи 90% од професорскиот кадар е дојден од реалниот сектор и одлично ги познава потребите на пазарот на трудот. Така полесно може да препознае во која компанија можат студентите да ја пронајдат својата работна позиција, а и на компаниите да им понудат стручен кадар. Проректорот Ѓоргиевски нагласува дека индивидуалниот пристап кон студентите и 24-часовната достапност на професорите за помош и консултација, го прават овој Универзитет привлечен за студирање.
Патувања и посети
Со учењето и практичната работа не завршува искуството во Универзитетот Скопје. Оваа образовна институција има методологијата на студирање базирана на кредит-трансфер системот, која овозможува меѓународно етаблирање и учество во програмата Еразмус плус. Но, исто така, студентите освен во Македонија, различно искуство можат да стекнат и во останатите земји, кога учењето станува и дел од забавата.
Во координација со деканот на Факултетот за Туризам, проф. д-р Сашко Граматниковски, годинава студентите го избраа Египет. Мотото на туристичката индустрија на ова земја е „Египет – од каде што започнува сѐ“.
„Патувањето во Египет не беше само за авантура и за истражување, тоа беше и културно доживување. За време на престојот, студентите имаа можност да се нурнат во богатата египетска култура, уживајќи во традиционалната кујна, доживувајќи ги традиционалната музика и танц и интеракцијата со пријателски настроените локални жители. Оваа посета е огромен предизвик за нас да дадеме свој придонес и да го прошириме видикот на нашето делување и просперитет. Огромна благодарност до Универзитетот Скопје што на овој начин придонесува своите студенти да го имаат светот поблиску до себе и да се оформат во вистински градители од пошироки размери“, беше искуството на Бојана Богоевска, која е студент на овој Универзитет.
„Целото патување во Египет беше едно интересно искуство, да се доживее потполно различен свет од овој во кој живееме ние. Црвеното Море е познато по коралните гребени кои го одземаат здивот, па снорклингот на отворено море е моментот што ќе го паметам. Го посетивме и местото каде што познатиот војсководец и освојувач Наполеон Бонапарта им се обратил на своите војници покажувајќи кон пирамидите: ,Војници, запомнете дека од врвовите на овие големи пирамиди ве набљудува четириесетвековна историја‘“, своето искуство го пренесува Марија Спиркоска, студент на Универзитетот Скопје.
Инаку во изминатите 17 години, Универзитетот Скопје има реализирано преку 70 наставно-научни практикуми. Како дел од Караванот за промоција на условите за студирање, реализирани се и кампањи во речиси сите средни училишта во земјата.
„Ги посетивме речиси сите средни училишта во државата. Од север до југ и од запад до исток на нашата татковина. Одлично искуство и прекрасни идни генерации кои носат нова надеж за оваа земја“, објаснува доц. д-р Ангела Миленковска-Климоска.
Големо влијание за зголемен интерес за упис на Универзитетот имаат токму меѓународно признатите дипломи со кои идните академски граѓани можат да работат за компании надвор од Македонија.
„Секој сака да вложи во себе, но и да го валоризира својот труд со диплома која е меѓународно призната, како и да биде конкурентен на секој пазар каде и да се појави. За тоа колку е атрактивна нашата диплома, зборуваат многуте примери на наши алумни-студенти кои работат за светски познати компании“, вели м-р Миленковски од Универзитетот „Скопје“.
Универзитетот Скопје, секоја година доделува и стипендии. 525 стипендии беа доделени во 35 општини низ целата земја, се стипендираат стотици млади луѓе, талентирани спортисти, а Универзитетот Скопје даде поддршка и за најдобрите средношколци.