Бранислав Симовиќ, агент за недвижности во Црна Гора, вели дека цените на куќите и становите значително пораснале во последните години, особено по доаѓањето на руски и украински граѓани по почетокот на војната.
- Цените на недвижностите во Црна Гора, особено на брегот, варираат и зависат од многу фактори - локација, вид и состојба на самиот недвижен имот. Во понудата има и многу куќи кои се продаваат по пониски цени од реалните, бидејќи Русите и Украинците купиле недвижен имот кој повеќе не им бил потребен - посочува Симовиќ.
Во Будва цените на становите се движат од 1.500 до 3.000 евра за метар квадратен, додека куќите може да варираат од 2.000 до 4.500 евра за метар квадратен, во зависност од близината до морето и квалитетот на градбата.
Котор, кој е на листата на најпосетувани медитерански градови, има нешто пониски цени на недвижностите во споредба со Будва. Просечната цена на становите се движи меѓу 1.500 и 2.500 евра за метар квадратен, додека цените на куќите се од 2.000 до 4.000 евра.
Тиват е уште поразновиден со цените на становите кои се движат од 1.800 до 3.500 евра за метар квадратен, особено во близина на луксузната марина Порто Монтенегро. Куќи во овој град можете да купите по цени од 2.500, па дури и до 5.000 евра за метар квадратен.
Херцег Нови и околината се нешто поевтини, па тука може да се најде стан по цена од 1.200 евра за метар квадратен. Куќите во овој дел на Которскиот залив се движат од 1.500 до 3.500 евра за метар квадратен.
- Купувањето недвижен имот за да се издаде под кирија во Црна Гора може да биде многу профитабилна инвестиција од повеќе причини. Како прво, бројот на туристи постојано расте. Тоа значи дека има постојана побарувачка за сместување, особено во текот на летната сезона, но и во текот на целата година во одредени области - објаснува соговорникот на порталот.
Тој посочува дека и даночната политика е поволна, бидејќи данокот на имот е релативно низок, а има и попусти за оние што ги издаваат своите имоти.
- Пазарот на недвижности во Црна Гора е во пораст, а се предвидува дека цените на недвижностите ќе продолжат да растат, што значи дека можете да очекувате зголемување на вредноста на вашата инвестиција. Сепак, пред да одлучите да купите, важно е да обрнете внимание на неколку фактори. Имотите во туристичките места како Будва, Котор, Тиват и Херцег Нови се попопуларни за изнајмување и можат да донесат повисоки приходи. Додуша, трошоците за одржување на имотот може да варираат, па затоа е важно да се земат предвид при пресметувањето на профитабилноста - вели агентот Бранко Симовиќ.
Соговорникот на порталот смета дека апсолутно вреди да се купи недвижен имот под кирија во Црна Гора, бидејќи за само три месеци годишно, на пример, може да се покријат ратите од кредитот за таа година.
- Просечните цени во најпопуларните туристички градови се околу 100 евра за ноќевање во јули и август. Во септември и јуни се за нијанса пониски, но сега поради продолженото лето имотот можете да го издавате на четири месеци годишно - оценува Симовиќ, пишува Курир
Американски експерт за недвижнини советува да се купуваат куќи за изнајмување, но инвестирањето во Црна Гора е поповолна опција. Цените на недвижностите во Будва, Котор, Тиват и Херцег Нови варираат, а инвестицијата може да биде многу профитабилна поради зголемениот број туристи.
Американски експерт за пазарот на недвижности дал инвестициски совет - рекол дека треба да купите куќа и да живеете во неа две години, потоа да купите друга, да се вселите во неа и да ја изнајмите првата.
Процесот треба да се повторува додека не купите пет куќи за десет години, со што ќе создадете капитал.