Во време кога трошоците за живот се зголемуваат, а платите остануваат статични, секојдневното управување со финансиите може да биде вистински предизвик, особено ако сте човек кој не знае да ги задржи своите пари подолго време во џебот.
Сепак, со внимателно планирање и со неколку стратегии, може значително да ја зголемите ефикасноста на вашата плата.
Економистите со коишто разговаравме на оваа тема велат дека клучот за подолготрајност на платата е во смисленото буџетирање и приоритизација на расходите.
Првиот чекор кон максимизирање на приходите, објасуваат тие, е создавање на реален месечен буџет.
„Започнете со запишување на сите фиксни трошоци, како што се кирија, сметки и кредити. Вториот чекор е преглед на променливите трошоци – ова вклучува сè од храна до забава. Третиот чекор е да се идентификуваат области каде што може да се намалат трошоците, без да се жртвува квалитетот на животот. Четвртиот чекор е да се постават финансиски цели, кои се реалистични и достижни. Петтиот и последен чекор е редовно преиспитување и прилагодување на буџетот за да се одразат сите промени во приходите и расходите“, советуваат експертите.
Тие додаваат дека е важно да се запамети дека буџетирањето не е еднократен настан, туку континуиран процес кој бара дисциплина и посветеност.
„Со правилно управување со финансиите, секој може да го зголеми опсегот на својата плата и да живее комфорно, дури и во економски предизвикувачки времиња“, коментираат економистите.
Овие чекори може да изгледаат основни, но се клучни за создавање на одржлив финансиски план кој ќе ви овозможи да ги искористите вашите ресурси на најдобар можен начин.