Ланците на супермаркети во Германија бараат илјадници нови вработени за тезги со месо, сувомеснати производи или сирење. Во моментов има околу 4.600 слободни работни места на страницата за вработување на компанијата Едека, додека Рев има повеќе од 3.400.
„Пред сè, има очајна потреба од месари и продавачи специјализирани за месни производи“, изјави извршниот директор на Сојузното здружение за германска трговија со храна (BVLH), Филип Хенеркес, пренесува „ДПА“.
Потребата од овој кадар расте со години. Супермаркетите се разликуваат од дисконтите токму поради нивните месарници и сувомесни производи, истакна Хенеркс.
Едека ги отфрли информациите дека ќе ги затвори шалтерите за свежо месо. Поради недостиг на работници во овој сектор се врбуваат почетници, особено за месари, не само од Германија, туку и од Индија.