Потребно е само да сфатите што сакате да постигнете и подготвени сте за големи дела.
Во срцето на методата Kaizen се наоѓа идејата дека секој ден секој од нас треба да вежба точно една минута и благодарние на тоа ќе станете многу повредна личност.
Оваа проста метода може без никакви проблеми да ја испробаат речиси сите, па дури и оние најмрзеливите. Техниката е осмислена во Јапонија, а нејзиното име се состои од два корена – каи(промена) и зен(мудрост).
Било да е во прашање читање на книга на странски јазик или вежбање, овие задачи нема да бидат толку непријатни доколку секој ден им посветите по една минута, наместо еден час и верувајте дека ќе стане нешто во што вистински ќе уживате. Со правењето на овие мали чекори секој ден, брзо ќе се движиме на патот кон вредностите и ќе постигнеме многу подобри резултати.
За да успееме во нешто, потребно е да го почувствуваме чувството на победа и успех затоа што само така ќе можеме да одиме напред. Кога ќе ги почувствуваме овие работи, постепено самите ќе сакаме да го зголемуваме времето кое го посветуваме на непријатните задачи и обврски и минутата ќе ја претвориме во пет минути, а пет минути во еден час.
Оваа техника ја смислил Masaaki Imai кој верува дека неговата филозофија можеме успешно да ја применуваме на работа, меѓутоа и во приватните сфери во нашиот живот.
Потребно е само да сфатите што сакате да постигнете и подготвени сте за големи дела.
извор: makedonijadenes.com.mk