Компанија од Црна Гора им дава пари на своите вработени за да ги со решат станбеното прашање, јавуваат црногорските медиуми.
„Износот кој ќе се доделува како поддршка за решавање на станбеното прашање, максимално е 20 илјади евра, додека износот за подобрување на условите за живеење најмногу до 7 илјади евра“, се наведува во соопштението на оваа компанија.
Правилникот носи и услови кои мора да бидат исполнети за да биде остварено ова право, од кои клучен е вработените да имаат најмалку пет години работен стаж во компанијата. Членовите на менаџментот немаат право да конкурираат за финансиска поддршка.
Станува збор за компанијата Аеродроми на Црна Гора, кои управуваат со аеродромите во Подгорица и во Тиват, пренесува Слободна Далмација.
Претседателот на Синдикалната организација на Аеродромот Подгорица, Слободан Мартиновиќ очекува јавниот повик да биде објавен набрзо, затоа што вработените треба да го добијат она што им следува.