Истражувачите од Велика Британија и Израел опишаа нов систем на крвни групи кај луѓето, "MAL", и тоа 50 години откако во 1972 година беше откриено дека недостасува важен антиген во крвта на бремена жена.
Ова чудно молекуларно отсуство научниците го решиле по 50 години, а истражувањето е објавено во водечкиот журнал на Американското здружение за хематологија „Blood“.
„Откритието е огромно достигнување, конечно може да се воспостави нов систем на крвни групи и можеме да им понудиме најдобра нега на ретките, но важни пациенти“, рече специјалистот за хематологија Луиз Тили од Националната здравствена служба на Велика Британија.
Како што е познато, повеќето од главните крвни групи биле откриени на почетокот на 20 век. Потоа беше идентификуван крвниот систем Ер, кој истражувачите првпат го опишаа во 2022 година, а кој влијае само на мал број луѓе. Истото важи и за новата крвна група.
Претходните истражувања покажаа дека повеќе од 99,9 отсто од луѓето го имаат антигенот "AnWj", кој недостасуваше во крвта на една трудница во 1972 година. Овој антиген живее на протеинот на миелинот и лимфоцитите, што ги навело истражувачите да го именуваат новоопишаниот систем – крвна група "MAL".
Кога некој има мутирана верзија на двете копии на нивните "MAL" гени, тој завршува со "AnWj"-негативна крвна група, како споменатата бремена жена, пренесува "B92".
Луиз Тили и нејзиниот тим идентификувале тројца пациенти со ретка крвна група кои ја немале оваа мутација, што укажува дека понекогаш и крвните нарушувања може да предизвикаат супресија на антигенот.
"MAL" е многу мал протеин со некои интересни својства, што ја отежнувало идентификацијата и што значело дека истражувањето морало да се продолжи, за да се соберат повеќе докази.
За да се утврди дека го имаат точниот ген, по децении истражување, тимот го вметнал нормалниот "MAL" ген во крвните клетки, кои биле "AnWj"-негативни.
Познато е дека "MAL" протеинот игра витална улога во одржувањето на стабилноста на клеточните мембрани и помага во транспортот на клетките. Претходните истражувања покажаа дека "AnWj" всушност не е присутен кај новородените бебиња, туку се појавува набрзо по раѓањето.
Интересно, сите "AnWj" негативни пациенти вклучени во студијата ја имале истата мутација. Сепак, не се пронајдени други клеточни абнормалности или болести поврзани со оваа мутација.