Управата за хидрометеоролошки работи известува дека убавото и сончево време ќе трае до понеделник каде потоа следува нов бран на дожд и грмежи.
Утре и во понеделник ќе биде сончево, додека потоа следува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд на места поројни со услови за појава на грмежи.
УХМР информира дека утре преку ден ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб ветер. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе се движи од 13 степени, а максималната од 18 до 28 степени.