Официјално на 27-ми септември на Крстовден, почнува берењето на јаболката во Преспа, пишува Бизниспро.
Преспанчани со години имаат недостиг од работници за берење и пакување на јаболката.
Платена храна и околу 1.600 до 2.000 денари дневница.
Ова е цената за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа.
Сезоната за берење на јаболката започнува на крајот на септември, а трае се до крајот на октомври.
Потребна е работна сила и за пакување и складирање на јаболката, за што дневницата е слична, а потреба од ваква работна сила има постојано.