Големата разлика помеѓу успешните и неуспешните луѓе е во тоа што успешните го прават сето она што неуспешните не сакаат, објаснува милијардерот и претприемачот Џон Паул ДеЈориа. Своето богатство го стекнал како еден од основачите на фирмата која се занимава со производство на препарати за коса Паул Митчел, но на 16 години работел ситни работи во една продавница за хемиско чистење.
Поставувал закачалки, чистел подови и тоа за 1,25 долари на час. -Еден ден дојде шефот, кој беше многу строг и ми кажа дека сака да зборува со мене. На прв поглед тоа воопшто не звучеше добро. Ми раскажа како претходниот ден работел до доцна и како во еден момент забележал дека нема прашина под тепихот, како ниту зад мебелот“, раскажува ДеЈориа.
-Не ни замислував дека некој може толку добро да ја извршува својата работа кога никој не го гледа, ми кажа шефот. Ќе добиеш покачување од 25 центи“, се присетува овој милијардер. Според тоа што го научил како шеснаесет годишно момче, ДеЈориа смета дека успехот не е во тоа колку пари имате и на кој позиција сте. -Успех е колку добро ја извршуваш својата работа кога никој не те гледа“.
извор: makedonijadenes.com.mk