Драстично сe зголеми цената на шеќерот, а толку не поскапел 16 години.
Пожарите и сушата кои ги зафатија полињата со шеќерна трска во најголемиот производител, Бразил предизвикаа драстичен скок на цената на шеќерот на светските берзи. Можно е зголемување на трошоците за производство на десерти и слатки, а оттука и на нивните цени, пишува„Блумберг“.
Бразилската држава Сао Паоло забележа рекорден број пожари овој август, кои беа влошени поради сушата. Ова ги оштетува корените на трската и може да ги принуди одгледувачите да се ориентираат кон други култури наредната сезона.
На промените во цените на земјоделските стоки обично им треба време за да стигнат до маркетите. Последниот скок на цената на шеќерот веројатно ќе значи дека оваа намирница ќе поскапи шеста година по ред, а тоа ќе го продолжи притисокот кон производителите на храна.