За овој бизарен тренд се отвори и полемика на социјалната мрежа Х.
Новиот тренд на родителите да ангажираат адвокат за да одат на родителски состаноци, а на учениците да не им се дозволува да посетат психолог, педагог или директор без него, се прошири и во Србија.
Српски курир пишува дека ова всушност ја илустрира алармантната состојба во основното училиште, бидејќи постои поголем јаз и недоверба меѓу одделенските раководители, наставниците, директорите и родителите.
За овој бизарен тренд се отвори и полемика на социјалната мрежа Х.
- Една родителка вели дека нејзиниот пријател вчера бил на родителскиот состанок. Родителите на едно дете испратија адвокат на состанок - стои во објавата под која има коментари од шокирани корисници:
- Жива вистина. Мојата пријателка е професорка и навистина има родители кои доаѓаат со адвокат - пишува таа во првиот коментар, додека во вториот пишува:
- Тоа се случува и во западните земји. Случаи кога детето ги нема оценките што ги очекуваат родителите (високо образовани, чии деца ги немаат нивните капацитети, а не се во можност да го прифатат тоа). Доаѓаат на родителски со адвокати, па дури и одат на суд поради оценките. Минатата недела прочитав статија за случај кога едно дете се откажало од гимназијата и каде родителите отишле до врховниот државен суд во Берн со жалба. На крајот не го добија случајот, но тоа создава хаос во училиштата. Никој нема капацитет да се справи со вакви случаи.
Сепак, многумина се прашуваа што ќе прави адвокат на родителски состанок и зошто класните раководители дозволуваат нивно присуство.
- Момци од приватно обезбедување носеа ученици во и од основно училиште - тврди еден татко:
- Испраќањето адвокат кој ги застапува родителите е притисок врз наставниот кадар, другите родители и другите ученици и маркетинг на „специјалниот статус“ на застапените родители - потенцира еден корисник.