Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во споредба со август 2024 година, е зголемен за 0.2 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци зa 0.3 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5.2 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.5 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2.8 %