Од утрово започна испораката на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје.
Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона започнува на 15 октомври 2024 и завршува на 15 април 2025 година.
Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.
Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.
Извор: denar.mk