Гледајќи ги главните градови, северноевропските и западноевропските градови се позадоволни од јавниот превоз, додека состојбата во јужноевропските и источноевропските урбани центри не е толку добра, пишува Еуроњуз, а пренесува Пословни.хр.
Јавниот превоз има големо влијание врз општото задоволство на жителите на еден град, пишува Euronews. Патувањето од точка А до точка Б не е исто во различни делови на Европа.
Седум од 10 Европејци се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот на Европската комисија.
Сепак, постои голем јаз во нивоата на задоволство од јавниот превоз во европските градови.
Кога се споредуваат факторите како што се пристапноста, безбедноста, фреквенцијата и доверливоста, постои географски тренд во кој жителите на градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека жителите на градовите од јужна и источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.
Задоволството се движи од 29 отсто во Рим и Тирана до дури 91 отсто во Виена.
Разликата е уште поголема меѓу не-главните градови, со стапки кои варираат од 22 отсто во Палермо, Италија, до 95 отсто во Цирих, Швајцарија.
Општо земено, жителите на главните градови имаат повисока перцепција за безбедноста во јавниот превоз - освен во Рим и Анкара. Всушност, во Рим, помалку од половина од населението смета дека јавниот превоз е безбеден. Овој град, исто така, дава најниски оценки за лесен пристап, фреквенција и доверливост.
Извор: faktor.mk