Од понеделник стартува вакцинацијата против сезонски грип. Министерството за здравство обезбеди 70 илјади бесплатни вакцини.
Досега на сајтот вакцинација мк се пријавиле 33 илјади граѓани.
На овој сајт може да се пријават лицата над 65 години, хронично болните, трудните жени и деца до пет годишна возраст.
Заменик министерот за здравство Јовица Андоновски посочи дека секој граѓанин кој добил порака на својот мобилен, а претходно се пријавил да замине во пунктот за вакцинација.
Извор: kanal5.com.mk