Во недела, на 27 октомври 2024 година, во Македонија и поголемиот дел од земјите во Европа ќе се поместат часовниците 1 час назад, од 3 часот по полноќ на 2 часот, со завршувањето на летното сметање на времето.
Со оглед на тоа што Европа опфаќа различни временски зони, преминувањето од летно на стандардно време (познато и како зимско) ќе се случи во различни локални времиња. Според правилата на Европската Унија, летното сметање на времето започнува во последната недела од март и завршува во последната недела од октомври.
Некои земји во Европа, како што се Русија, Исланд и Белорусија, не применуваат летно сметање на времето.
Во САД и Канада, завршувањето на летното сметање на времето е предвидено за една недела подоцна, на 3 ноември 2024 година.
Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.