Министерството за внатрешни работи утре од 13 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајницата пред Владата на Република Македонија поради најавен протест.
-Од тие причини сообраќајот ќе биде пренасочен на булеварот „Илинден“ на потегот до крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „ВМРО“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ – соопшти МВР.
Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
lokalno.mk