На денешен ден, 26 октомври, во 1689 година по наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запалила Скопје, кое горело два дена.
„Градот Скопје е голем речиси колку Прага. Тој е без ѕидини и ровови. Го најдов напуштен и лишен од сите скапоцености, но богато е снабден со стоки. Малкуте луѓе што останале, исплашено врват по улиците. Жал ми е што зградите, какви што досега не сум видел, џамиите од најубав мермер и украси од злато на кои и во Рим би им посветил внимание, убавите старини и градини, морам да му ги предадам на пламенот.“ вака пишува Пиколомини.
Австријците го запалиле градот за да се спасат од епидемијата на колерата, но опасната болест не била запрена од огнот. За кусо време изгореле многу куќи, дуќани и други градежни објекти.
Покрај загубите што му биле нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеле и умреле од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.