Создадете Мотивирана и Продуктивна Работна Сила!
Секојдневно, многу професионалци решаваат да ја напуштат својата работна средина во потрага по нови можности или подобри услови за работа. Затоа, од витално значење е да се идентификуваат причините за заминувањето на талентите и да се применат стратегии за нивно задржување.
Дознајте што навистина ги мотивира вашите вработени со Pulser.mk, најсовремената алатка за истражување на задоволството и ангажираноста на вработените. Со оваа иновативна платформа, добивате детален увид во задоволството на вашиот тим, што ви помага да донесувате стратешки одлуки кои придонесуваат за подобрување на управувањето со човечките ресурси, зголемување на ангажманот и целокупното задоволство на вработените.
Што добивате со Pulser.mk?
- Прецизни резултати, за помалку од 24 часа – Дознајте како се чувствуваат вашите вработени во секој момент и пронајдете области за подобрување. Со Pulser.mk - Истражувањето за задоволство на вработени, можете да добиете детален извештај за задоволството и ангажираноста на вашите вработени во рок од 24 часа.
- Прилагодливи анкети – Дизајнирајте ги истражувањата според вашите потреби за добивање на најрелевантните информации, додадете неограничен број на дополнителни прашања врз основа на кои ќе можете да ги филтрирате извештаите.
- Платформа прилагодена за сите индустрии – Без разлика дали сте мала компанија или голема корпорација, од било која индустрија, Pulser.mk е тука за вас.
- Брзо и лесно за користење – Не губете време на комплицирани процедури, анализи и извештаи. Со Pulser.mk, фокусот е на она што е важно - вашите вработени и нивното задоволство.
Закитете се со титулата Најдобар работодавач
Компаниите кои ќе остварат најдобри оценки за задоволство од страна на нивните вработени по завршувањето на циклусот на истражувања, на крајот на годината, ќе освојат Награда за Најдобар работодавач (прво, второ или трето место), доделена од Vrabotuvanje.com.mk.
Не дозволувајте најдобрите таленти да заминат од вашата компанија! Инвестирајте во благосостојбата на вашиот тим и изградете мотивирана и продуктивна работна сила која ќе ви помогне да ги остварите вашите деловни цели.
Почнете со Pulser.mk денес – затоа што задоволството на вработените е вашата најдобра инвестиција!