Под влијание на долго најавуваниот значително постуден бран кој се спушта од север, од недела, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат пониски за 6 до 9 степени во споредба со сегашните. Сепак, и покрај ова продолжува сушниот период, односно стабилното и суво време без никакви врнежи.
За време на овој викенд ќе дува северен ветер, кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет.
Следната седмица исто така ќе имаме многу постудени утра со појава на умерени мразеви, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Извор: „Метеоаларм“